1994-1992
1994
Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)
Кире Николовски освен тренинзите во ФК Брегалница - Штип,
започнува, самоиницијативно да прави лични индивидуални (футинг)
тренинзи во природа, а исто така започнува да тренира самоиницијативно во
најтрофејниот БК Балканец – Штип.
слика 1
1993
Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)
слика 1
22.08.1993
Кире Николовски инспириран од навивачката група Фаланга – Штип(која беше
прогласена за најдобра навивачка
група во Македонија во сезоната 1992/1993) посебно на скандалозниот(прекинат)
натпревар во Кочани(14.06.1993) помеѓу Осогово и Брегалница на кој присуствуваа
над 10 000 посетители, започнува да води спортски дневник каде што ќе продолжи
да ги бележи искуствата и знаењата на луѓето коишто се поврзани со фудбалската
игра, особено настаните во ФК Брегалница – Штип.
слика 1,
слика 2
1992
Кире Николовски е член на ФК Брегалница(Штип)
23.08.1992
По осамостојувањето на Р.
Македонија од СФР Југославија, се формира првата македонска фудбалска
лига во која се натпреварува и ФК Брегалница заедно со најсилните гиганти ФК
Вардар и ФК Пелистер.
слика 1
Кире Николовски како член на ФК Брегалница – Штип од страна на
новинарите го зазема 4тото место на ранг – листата на најдобрите десни халфови
во првата македонска фудбалска лига
слика 1
23.09.1992
На градски стадион во Скопје е одигран првиот ноќен натпревар во историјата на
македонскиот фудбал во кој се вршел ТВ пренос. Во тој натпревар игра и Кире
Николовски(бр.11)
како член на ФК Брегалница.
слика 1
01.11.1992
Кире Николовски во дресот на ФК Брегалница за време на натпреварот ФК Брегалница
3 – 1 ФК Пелистер пред 6 000 посетители ќе остане засекогаш запаметен од
навивачите на ФК Брегалница. Имено тој во текот на натпреварот направи шоу во
кое жонглираше
со глава 12 пати цели 40 метри.


