ЗА НАС
Најнапред сакаме да истакнеме голема благодарност до сите посетители оваа веб страна. Оваа веб страна е направена за да ви ја претставиме нашата работа и нашата цел за фудбалската игра. Ние сме двајца индивидуални фудбалски тренери КИРЕ НИКОЛОВСКИ (СТРУЈА, шампион) и ЖИВАН РАЌИЧ (ЧИКА РАКА).
Нашата функција е откривање на млади таленти и индивидуална работа со фудбалери. Ние преку нашето долгогодишно искуство (Кире Николовски – 12 години и Живан Ракиќ – 35 години искуство), како индивидуални фудбалски тренери создадовме свои методи на работа кои се базираат на научна база преку кои на најбрз и наједноставен начин му овозможуваме на фудбалерот да ги отстрани своите слабости и да ги поусоврши своите индивидуални фудбалски способности на највисоко ниво.
Нашата прва цел е претставување на нашиот метод на работа со фудбалери на глобално ниво и соработка со сите посетители коишто имаат интерес за овој нов метод на индивидуална фудбалска работа. Доколку сте заинтересирани за соработка, вие можете да контактирате со нас преку рубриката КОНТАКТ.
Втората цел е претставување на визијата на Кире Николовски преку која ви е дадена можност јавно да дебатирате преку форумот на оваа веб страна за поусовршување на фудбалската игра.


